Како што информираше градоначалникот Дарко Костовски, од нив, 10 милони денари ќе бидат инвестирани во образованието и спортот, додека 3 милиони денари за детската заштита, односно градинките.

При тоа, ќе бидат набавени смарт табли за основните училишта, а неколку училишта ќе бидат опремени со современи информатички кабинети. Исто така ќе се изградат две модерни баскет игралишта.

Ваквата одлука е донесена на втората седница на Советот на Општина Бутел.