Општина Бутел воведува комунални редари кои ќе бидат присутни на терен во две смени, со службени возила и со засилени контроли низ целата општина, најави градоначалникот Дарко Костовски.
„Ќе се санкционираат несовесното фрлање отпад, создавањето диви депонии, уништувањето на општинскиот имот и другите прекршувања на комуналниот ред“, објави Костовски на Фејсбук.
Јавниот простор е сопственост на сите нас, но и одговорност на секој од нас, додава тој.
„Нашата цел не е да казнуваме, туку да воспоставиме ред, одговорност и почитување на заедничкиот простор. За почист, поуреден и поубав Бутел“, објави градоначалникот Костовски.
Според најавата, комуналните редари во Бутел ќе работат во две смени, со две возила на терен.
