Поради трагедијата и согласно одлуката на Владата за тридневна жалост, Општина Струга соопшти дека ги прекинува сите престојни активности и манифестации.
Градоначалникот Рамис Мерко и вработени во општинската администрација, изразија сочувство до семејствата и блиските на загинатите, а на преживеаните им посакуваат брзо закрепнување.
– Во овие тешки мигови, изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на сите лица и наши сограѓани, кои ги изгубија своите животи и беа повредени во стравичната сообраќајна несреќа, која ноќеска се случи на територијата на соседна Бугарија. Посакувам мирен покој на душите на починатите и побрзо закрепнување на повредените, соопшти градоначалникот Мерко.