Загинаа 46 државјани на Македонија, а еве го списокот на најтешките автобуски несреќи во Европа во изминатата деценија.

2019 година.

ПОРТУГАЛИЈА: Најмалку 29 германски туристи загинаа на 17 април во автобуска несреќа со педесетина луѓе на португалскиот остров Мадеира. На кривината автобусот пропаднал во провалија длабока десетина метри.

РУСИЈА: Автобус со околу 40 патници удри во замрзната река во регионот Забајкалск во Сибир на 1 декември, при што загинаа 19 лица, а 21 беа повредени.

2018 година.

ТУРЦИЈА: Најмалку 17 лица загинаа, а 36 биле повредени на 29 март во источна Турција во урнат минибус кој превезувал илегални мигранти од Пакистан, Авганистан и Иран.

БУГАРИЈА: Туристички автобус излетал од патот за време на обилните врнежи и паднал во реката Искар, на северозапад од земјата. Загинале 20 лица, а околу дваесет биле повредени. Патниците се враќале од посета на манастир.

2017 година

ИТАЛИЈА: Унгарски автобус со тинејџери се запали на 21 јануари откако удрил во столб на мостот на излезот од автопатот во близина на Верона. Загинале 16 лица.

ТУРЦИЈА: Најмалку 23 лица загинале, а 11 биле тешко повредени на 13-ти мај на преминот Сакар, во планинска област во близина на одморалиштето Мармарис во југозападниот дел на земјата, кога автобусот излетал од кривината и паднал врз друго возило петнаесет метри подолу.

ГЕРМАНИЈА: Осумнаесет лица загинале, а 30 се повредени на 3 јули на автопат во близина на Муехберг на југот на земјата кога возач на автобус, во сообраќаен метеж, удрил во камион пред него и се запалил.

РУСИЈА: Најмалку 17 лица загинале на 25 август на југот на земјата кога автобус со градежни работници паднал во Црното Море од височина од неколку метри.

На 6 октомври истата година, воз налетал на автобус на железнички премин на околу стотина километри источно од Москва. Загинале 16 луѓе, главно Узбекистанци.

2015 година

ФРАНЦИЈА: Четириесет и три лица загинале на 23 октомври во фронтален судир со камион што превезувал трупци и автобус што превезувал пензионери во Пусегуин, во департманот Жиронд на југозападот на земјата. Двете возила се запалиле, а патниците останале заробени во автобусот.

2014 година

ТУРЦИЈА: Дваесет и едно лице загинало, а 26 биле повредени на 23 јануари во центарот на провинцијата Кајсери. Автобусот, кој сообраќал на линијата Истанбул-Кајсери, се излизгал и излетал од автопатот.

ТУРЦИЈА: Камион-цистерна со течен гас се превртела и експлодира на 22 јули, при што биле запалени два автобуса и автомобил што се наоѓале во близина, на автопатот во близина на Дијарбакир на југоистокот на земјата. Загинале 26 лица.

2013 година

ЦРНА ГОРА: Шеснаесет Романци загинале, а 31 биле повредени на 23-ти јуни во Црна Гора во автобуска несреќа во провалија во Грло, на планински пат на околу 30 километри северно од Подгорица.

РУСИЈА: Најмалку 18 лица загинале во судир на камион и автобус на 13 јули во близина на Москва.

2012 година

ШВАЈЦАРИЈА: Дваесет и осум лица, меѓу кои 22 студенти од Белгија, загинале на 13 март во автобуска несреќа , кога автобус удрил во ѕид на тунел во близина на Сиера во кантонот Вале на југот на земјата.

2011 година.

ТУРЦИЈА: Камион се судрил со минибус на 21 декември во провинцијата Дијарбекир, при што загинале 25 лица, главно студенти.