Повик до општините за навремена доставa на податоци
Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека не се очекуваат нови проекти, туку оние општини кои не доставиле ажурирани податоци да го сторат тоа во разумен рок.
„Не очекувам нови проекти, туку општините кои не ја доставија навреме ажурираната документација да го направат тоа. Рокот е разумен, а бројот на такви општин не е голем. За оние кои не добиле проекти затоа што не доставиле соодветна документација и подлога според условите од јавниот повик, очекувам да ја поднесат потребната документација,“ изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Полемики со градоначалничката на Скопје
Коментирајќи го ставот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсова, која го критикуваше со остар тон, премиерот рече дека понекогаш е подобро одредени работи да останат непроизнесени. На прашањето за коментар на нјзините зборови, тој додаде:
„Понекогаш е помудро да се премолчи за да се избегнат понатамошни конфликти.“
Реакции на обвинувањата од СДСМ
Во однос на обвинувањата од СДСМ дека Владата не го исполнува ветувањето за доделување 250 милиони евра за општинските проекти, Мицкоски ги негираше овие обвинувања, нагласувајќи дека граѓаните се сведоци на реализацијата на бројни проекти
„Граѓаните ги гледаат резултатите на терен, и ние продолжуваме да ги спроведуваме проектите што ги ветивме. Политиката треба да биде водена од дела, а не од празни зборови,“ додаде тој.
Милионски инвестиции за инфраструктурата во општините
Владата одобри значителни средства за финансирање на проекти во општините, фокусирајќи се на изградба на патишта, канализациски системи и водоводи. Општина Куаново доби 4 милиони евра за три големи проекти, додека општина Центар ќе користи 1,5 милиони евра за реновирање на спортската сала „Работнички“.
Дистрибуција на средства во општините со албанско мнозинство
Меѓу општините со албанско мнозинство, Чаир предводи со доделени 2,7 милиони евра за седум проекти. Други општини како Гостивар и Струга исто така добија значителни средства – 2,6 милиони евра и 2,2 милиони евра, соодветно. Тетово доби 1,3 милиони евра, а Кичево, Врапчиште и Липково добија по 900 илјади евра.
Претстојни чекори за реализација
Преносот на средствата ќе започне во наредните денови, а договорите со општините ќе се потпишат следната недела. Оваа значителна финансиска поддршка има за цел да поттикне реализација на важни капитални проекти во целата држава.