– Не се познати причините за ваквата одлука од македонска страна, ниту до кога тоа ќе трае. Сепак, најверојатно се поврзува со смртта на албанскиот државјанин пред три дена кој бил ангажиран во охридско, а во текот на работата се повредил и починал, наведува Ора њуз.

Се додава дека поради оваа причина, албанските работници кои влегуваат наутро и излегуваат навечер од македонска територија, не им бил дозволен влез бидејќи работат на црно.

Телевизијата наведува дека планирана е средба на надлежните на преминот.

Според извори на македонската полиција не станува збор за никаква наредба за забрана за влез на албански граѓани. Оние на кои не им е дозволен влез не поседувале валидни документи за влез и престој во Македонија.