Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во интервју за „360 степени“ потврди дека унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе допатува во посета во земјава до крајот на тековниот месец.
Според информациите Орбан ќе биде во дводневна посета на Охрид, каде ќе биде дочекан од премиерот Христијан Мицкоски.
Посетата би требало да се случи на 26-ти и 27-ми месецов.