Заедничката воена команда на Иран денеска соопшти дека Ормуската Теснина повторно е затворена за пловидба. Како причина за одлуката се наведуваат продолжувањето на израелските напади во Либан и, според иранската страна, неисполнувањето на американската обврска да го окончи тој конфликт.

Во соопштението на Командата, емитувано на Иранската државна телевизија, се наведува дека доколку продолжи, како што велат, израелската агресија во Либан, ќе бидат преземени и дополнителни чекори.

Претходно оваа седмица бродовите повторно почнаа да пловат низ Ормуската Теснина, откако беше склучен привремениот договор меѓу САД и Иран.

Во денешните израелски напади врз јужен Либан загинаа најмалку 16 лица, само неколку часа по извештаите дека е постигнат договор за прекин на огнот.