Српската полиција уапси 17-годишник во Белград, откако во мотелската соба што ја користел пронајде снајперска пушка со пригушувач, 5 рачни гранати и повеќе од 107 килограми материја за која се сомнева дека е дрога. Инцидентот предизвика сериозно внимание во тамошната јавност.
Малолетникот од областа Петровац на Млави бил приведен од припадници на полицијата во Нови Сад во соработка со Вишото јавно обвинителство во Пожаревац, соопштија официјално од српското Министерство за внатрешни работи.
При претресот на апартманот во мотелот, полициските службеници пронашле околу 100 килограми супстанца слична на марихуана, 3,5 килограми материја слична на кокаин и 4 килограми супстанца слична на хероин. За време на акцијата се одземени и две дигитални прецизни ваги, како и 5 куршуми наменети за пронајдената снајперска пушка.
Малолетникот се товари за кривични дела неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги, како и за нелегално производство, држење, носење и трговија со оружје и распрскувачки материи.
По завршувањето на полициската постапка и апсењето, тој беше спроведен и изведен пред судија за малолетници во рамки на Високиот суд во Пожаревац за натамошно постапување.
