При напуштањето на просторијата каде се одржуваше прес конференцијата, министерот за надворешни работи Бујар Османи кажа дека сите од македонската репрезентација ќе добијат дипломатски пасоши доколку ја победат португалската репрезентација.
– Ако ја победат Португалија цела екипа ќе добијат пасоши, кажа Османи.
Инаку, претходно Османи информираше дека македонските фудбалери Александар Трајковски, Енис Барди и селекторот Благоја Милевски ќе добијат дипломатски пасоши по совладувањето на европскиот шампион Италија.