Како што соопшти МНР, Османи ќе се обрати заедно со негови хомолози и претставници од повеќето земји од нашето пошироко соседство, каде ќе ги претстави погледите на Република Македонија во однос на актуелните случувања поврзани со евро-атлантската перспектива на нашата држава и регионот на Западен Балкан.
За време на престојот во Дубровник, министерот Османи ќе оствари повеќе билатерални средби со шефови на дипломатии на земји-членки на ЕУ и други високи претставници од Европа и САД, стои во соопштението од МНР.