„ВМРО-ДПМНЕ потфрли, а за да докаже дека постои пропаганда за уставните измени, би ги ставил и на билборди за граѓаните да прочитаат“, вели Бујар Османи.
Порача дека владата ќе продолжи да разговара со пратениците кои не сакаат да бидат заложници на амбициите на Мицкоски и очекува дека бројот на пратеници кои ќе кренат рака ЗА уставните измени ќе биде поголем од неопходниот. Но, Османи не одговори- колку пратеници од опозицијата го делат неговиот став.
– Во однос на пратениците, јас очекувам дека бројот ќе биде поголем, отколку што е неопходниот за уставните измени. Затоа штонавистина се повеќе се свесни луѓето, прво дека уставните измени се во наш интерес. За мене тоа ќе биде најважниот момент, кога граѓаните ќе ги прочитаат уставните измени. Дури некому и кажав- јас и на билборди би ги ставил уставните измени, за да видат граѓаните дека целата пропаганда за уставните измени, не е точна. – рече Османи.