Тој напиша и го повика Османи
Господине Bujar Osmani, Министер за надворешни работи на Република Македонија.
Во вчерашните свои изјави и Слави Трифонов и Бојко Борисов упорно и намерно го употребуваа терминот “северномакедонски” и “северномакедонец”…
Станавме предмет на подбив и потсмев. Но, уште повеќе загрижувачки, воведуваат навреда и омаловажување во политичката комуникација помеѓу двете држави и двата народи.
Овие две изјави се понижувачки за македонскиот народ, но и за сите граѓани на Република Македонија. Вие имате уставна и законска обврска да се ставите во заштита на своите граѓани.
Не ви посакувам и никогаш не би премолчил вакви навреди на национална основа ниту спрема вас, вашата заедница или било која друга етничка група во Македонија. Веројатно ќе разберете дека Вие сте и повеќе повикан од останатите членови на Вашата Влада да реагирате на вакви навреди.
Дополнително, овие двајца политичари покажуваат јасна и недвосмислена лоша патека за било каква можност за надминување на проблемите помеѓу двете држави, кои за жал ги создаде Владата во која вие членувате овие неколку години.
Имате обврска и должност спрема македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија најостро да реагирате. Можеби, не дека ќе ги подучите овие двајца политички лидери во Бугарија, туку повеќе дека имате обврска пред меѓународната заедница да покажете барем малку цврстина. Пробајте, повеќе ќе ве ценат и почитуваат, а и ние.