Османи информираше:
-Работиме како да јуни ни е единствена шанса, таков ни е пристапот за да можеме да ги ангажираме сите капацитети за изнаоѓање решение. Работиме за содржината на патоказот, разменуваме предлози со бугарската страна за да најдеме согласност по однос на содржината, бидејќи содржината е многу важна
Нагласи дека предлози се разменуваат на дневна основа, но оти се уште не е постигнат договор во однос на содржината.
-Имаме уште неколку дена, недели до 22-ри, меѓутоа, не можам да кажам и да потврдам дека тоа ќе се случи до 22 јуни, наласи министерот за надворешни работи и додаде дека и словенечкото претседателство продолжува да работи со ист фокус.