Османи направи осврт на неодамна одржаниот Преспа форум за дијалог во Охрид, севкупниот реформски контекст поврзан со формалниот почеток на преговори со ЕУ, како и односот и очекувањата на земјите кандидати и претенденти за членство во ЕУ.
Порача дека во приближувањето на регионот до ЕУ, Брисел би морал да гарантира предвидлив и кредибилен процес, при што, потенцираше, двете страни би се придржувале до прифатените обврски -испорачани реформи за формален почеток на преговори за членство, како за Македонија и Албанија.
– Не постои друг начин Европа да биде целосна, освен интегрирањето на делот кој недостига, нагласи Османи.
На панелот учествуваа и заменик-премиерот и министер за надворешни работи и дијаспора на Косово Грвала-Шварц, министрите за надворешни работи на Црна Гора Радуловиќ, Албанија Џачка, Чешка Кулханек, Грција Дендиас, заменикот министер за надворешни на Босна и Херцеговина Бркиќ, специјалниот пратеник на ЕУ за Западен Балкан Лајчак, членот на Европскиот парламент Зовко, назначениот висок претставник за Босна и Херцеговина Шмид и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Србија, Старовиќ.