За време на престојот во Стокхолм, како што информираат од МНР, Османи ќе има обраќање на пленарната сесија на советот, како и ќе учествува на настани/состаноци поврзани со главните теми на организацијата. На маргините на состанокот ќе оствари и бројни средби со свои хомолози од земјите учеснички на ОБСЕ, но и со претставници на Секретаријатот на организацијата.

-Северна Македонија веќе од идната година влегува во ОБСЕ Триото (OSCE Troika) заедно со Шведска, годинешниот и Полска, претседавачот во 2022 година. Следната година Северна Македонија веќе ќе претседава и со Групата на медитерански партнери за соработка на ОБСЕ, како добра можност да се остави белег во пошироки меѓународни рамки, преку залагањето и промоцијата на соработката како двигател на меѓународните односи, наведуваат од МНР.