Во село Трново, кривопаланечко, полициски службеници од ОВР Крива Паланка запреле две товарни моторни возила, со кумановски регистарски ознаки, управувани од М.Ј.(66) и С.А.(53), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При контрола во возилата било утврдено дека превезувале огревно дрво без да поседуваат лиценца.

Тие го признале кривичното дело и по насоки на дежурен Јавен обвинител на нив ќе им бидат поднесени соодветни пријави.