Според лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари единствено за останување во владата може да одлучи премиерот. Таравари потврди дека разговарал со Мицкоски, но не открива детали. Тет-а-тет средбата Мицкоски-Таравари се најавува по 1-ви мај.

Арбен Таравари за првпат се огласи дали ќе ја напушти Владата

Средба Мицкоски-Таравари

Освен со Таравари, Мицкоски треба да се сретне и со другите коалициски партнери. Според министерот за здравство, Алијанса за Албанците ѝ е потребна на Владата. Ги искара неговите довчерашни коалициски партнери дека треба да бидат внимателни во изјавите.

Прашањето за местото на Таравари во владата се отвори по несогласувањата со другите партнери во коалицијата вреди, односно по одлуката партијата на Таравари да оди со свои листи за советници на претстојните локални избори. И тие како и вреди и знам очекуваат поддршка за нивните кандидати за градоначалници од коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ.

Веќе се крчка припојување на партиите од коалицијата „Влен“ во една партија. Како единствен кандидат за лидер се спомнува името на вицепремиерот и министер за животна средина, Меџити.

Отворени опции за Алијанса за Албанците

Во врска со можноста за излегување од коалицијата ВленАрбен Таравари истакна дека партијата внимателно ги следи случувањата и ги разгледува сите опции. Тој сепак не исклучи можноста АА да остане во Владата, дури и во случај на напуштање на коалицијата.

Детално може да погледнете во продолжение:

Села побара Таравари да излезе од Владата – на повидок повторно обинување на Алијансата?