-Кога некој нема збор, ве остава без зборови.
Без зборови останав по божемната оставка на министерот Филипче. Не стигна до претседателот на Собранието преку претседателот на Владата. Веројатно почина од Ковид -19.
Непосредно пред вториот круг, од премиерот чувме дека ќе поднесе оставка доколку Шилегов не победи во Скопје. Не победи. СДСМ ги изгуби градоначалничките избори во 42 општини, а победи во 16.
И…. ? На пресот в зори, по завршеното гласање, по изјавата на Шилегов, премиерот, меѓу останатото рече: „Ја превземам одговорноста на себе. Поднесувам ОСТАВКА од премиерската фукција и од функцијата претседател на СДСМ“. А, потем, продолжи: „ им честитам на сите прогресивни граѓани кои се бореа силно за интеграција на С. Македонија“. Искрено, не гледам логична врска меѓу првиот и вториот дел, оти зошто би бил одговорен, ако изгубил од регресивни граѓани? Згора, како мери кој е прогресивен, а кој регресивен граѓанин? Но, не ми е прв пат да не можам да го разберам премиерот. Понекогаш им завидувам на сеприсутнине политички аналитичари кои лесно го разбираат и често го цитираат. До мене е, веројатно. Не можам да и доскочам на неговата елоквенција, моќен и оригинален политички говор.
Искрено, Заев звучеше убедливо, а чув и оценки како „висок морален чин“ ама …
Јас, во рамките на професијата, потсетувам дека ОСТАВКА не се поднесува усмено, на телевизија. Може да се најави емотивно, како резултат на вознемирената совест, но се доставува во писмена форма до претседателот на Собранието и може да биде придружена со образложение (член 93, став (3) од Уставот и член 219, став (1), (2), (4) и член 220 од Деловникот.
Личниот печат е нејзино основно обележје. Затоа, претседателот на Собранието, ВЕДНАШ ја доставува до пратениците и до Претседателот на државата, а Собранието, на првата наредна седница, без претрес, КОНСТАТИРА ДЕКА МАНДАТОТ НА ПРЕМИЕРОТ МУ ПРЕСТАНУВА.
Што се однесува до оставката на највисоката партиска функција, таа е однос меѓу г-динот Заев, како Претседател и членството! Се надевам дека ДОКОЛКУ поднесе оставка, нема да има директни „ИЗБОРИ“ со еден кандидат.
Локалните избори се лакмус за легитимитетот на политичките претставници и партиите, не само локално, туку и пошироко. Од тие причини, изгубените локални или регионални избори се знак за (о)спорен легитимитет и носителите на власта, за да не живеат во политичка неизвесност, често посегаат по предвремени парламентарни избори.
Не помина ниту еден ден од „ОСТАВКАТА“, кога тргна поворката на бранители на премиерот од САМИОТ НЕГО, некои од политичката коалиција, убедувајќи го да ја повлече НЕПОДНЕСЕНАТА ОСТАВКА, односно ДА ГО ПОВЛЕЧЕ ДАДЕНИОТ ЗБОР, други, од „ невладиниот“ сектор, со сестрана надлежност, па дури и „откривање“ на „НЕЗАКОНСКО ФИНАНСИРАЊЕ“, преку пари однадвор и одвнатре“ на кампањата на опозицијата (случајно совпаѓање со истите наводи на Заев?) со умислени изјави дека „ оставката не ја прифаќаат граѓаните и граѓанките“, небаре граѓански портпарол и уставен фактор за (не)прифаќање оставки, трети, со собирање партиски потписи, четврти со подршка по мрежите….. прогресивни елементи.
Деновиве ќе видиме дали има минимум шанса за пристојна демократија во која има минимум свест за објективна и субјективна одговорност. Демократијата се учи со вежбање, со лични примери.
Се надевам дека нема да биде: по Филипче – Заев!
Но, кога некој нема збор, ве остава без зборови. Ќе останеме ли пак без зборови. Ќе видиме набрзо.
Вивна ЖАГОРОТ на „ незаменливите “ политички аналитичари кои, кога би имале образ, од срам за она што долго, па и овие две недели го зборуваа и предвидуваа, би „занемеле“, барем за извесен период. Ним не им прилега зборот „срам“, туку зборот „ арам“!, пишува професорката на Фејсбук.
Оставка? Што е ? Игра: остави или земи; дај и врати; понуди – повлечи; најави-отповикај…?
О
Оставка? Што е ? Игра: остави или земи; дај и врати; понуди – повлечи; најави-отповикај…? Оставката е личен и морален чин, акт на политичка одговорност. Еден пример:харизматичната Маргарет Тачер, во 1990 година поднесе двојна оставка: на највисоката партиска функција, но и на премиерската. А ние, сеуште слушаме за отповиклива и неотповиклива оставка!, вели професорката Гордана Силјановска Давкова.