Осумгодишно дете од селото Велебрдо вчера било донесено во скопскиот клинички центар за укажување лекарска помош, по што од болницата ја алармирале полицијата.
-На 18.08.2026 година во 14:33 часот во СВР Тетово од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив било донесено осумгодишно дете од с.Велебрдо, општина Маврово и Ростуше, за укажување лекарска помош, кое се здобило со повреди во пределот на раката од барутни честички, информира СВР Тетово.
Се превземаат мерки за расчистување на случајот.
