Според алатката што ја објави Владата – министерот Бектеши, за шест месеци направил сметка од 14 илјaди евра само за угостителски услуги во земјата и странство. Следен на листата вицепремиерот Бујар Османи, кој за истата намена потрошил близу 13 илјади евра, а трет е министерот за правда кој веќе си поднесе оставка – Билај Салиу со 12 илјади евра. Министерот Алаѓозовски за истата намена потрошил нешо помалку од 9 илјади евра, додека пак Љупчо Николовски нешто повеќе од 7 илјади евра, пренесува порталот Македонски весник.
Најмалку пари, или по само околу 500 евра потрошиле министрите Оливер Спасовски и Горан Сугарески. Министерот за надворешни, Димитров, кој изминатиот период е постојано на патување поради преговорите за шест месеци за угостителски трошоци потрошил само 2,500 евра. Сепак, неговите трошоци значително се зголемуваат ако во пресметката се вклучат и авионски карти, дневници за патување и вип салони на аеродроми.