Раководството на Манчестер Јунајтед не е задоволно од реакцијата на редарите по однесувањето на навивачите кои не дозволија да се одигра натпреварот со Ливерпул влегувајќи на теренот.
– Клубот ќе ја цени работата на безбедносната фирма што им овозможи на навивачите да се пробијат на „Олд Трафорд“, соопшти премиерлигашот.
Забележано е дека за протестот против сопствениците на клубот се знаеше однапред, се очекуваа до 10 илјади луѓе, но се собрале околу илјада, а тие сепак успеале да го пробијат кордонот.
Натпреварот требаше да се игра во неделата.