Селото Варена во Италија воведува казни од 50 до 200 евра за туристите кои се движат без маица или во костими за капење. Целта на ваквата одлука е да се намалат негативните последици од масовниот туризам.
Според статистиката на локалната власт, постојаниот пораст на туристи сè повеќе влијае врз секојдневниот живот на мештаните. Со воведување на новите мерки надлежните сакаат да ја одржат рамнотежата меѓу туристите и квалитетот на живот на локалното население во текот на летната сезона.
„Одењето низ улиците на селото без маица или во костим за капење повеќе не е дозволено. Исклучок се плажите покрај езерото и престојот на бродови за време на пловидба по езерото Комо. Туристите кои ќе ги прекршат правилата би можеле да платат оштета од 50 до 200 евра“, се наведува во соопштението на Општината. Воедно, се воведуваат ограничувања и за организираните туристички групи. Тие не смеат да бројат повеќе од 25 лица, а туристичките водичи немаат право да користат разгласи. Целта на овие мерки е да се намали притисокот врз тесните калдрми на Варена, како и да се ограничи бучавата во историскиот центар на селото, велат надлежните.
– Селото и понатаму останува отворено за посетители од цел свет, но развојот на туризмот не смее да биде на штета на жителите, изјави Мауро Манцони, градоначалник на Варена. Варена е прекрасно село и горди сме што секоја година пречекуваме стотици илјади посетители од целиот свет. Но, квалитетот на живот на селаните не смее да биде жртвуван поради масовната посетеност, додаде Манцони.
The picturesque fishing village of #Varenna on the shores of #LakeComo has introduced strict new rules for tourists, including fines of up to €200 for walking through the village shirtless or in swimwear, as authorities seek to curb unruly behaviour and protect the quality of…
— Deccan Chronicle (@DeccanChronicle) July 8, 2026
Ваквите мерки се поддржани од голем број на жители во селото. Варена не е прво место во Италија кое воведува вакви ограничувања. Слични мерки претходно беа донесени и во други популарни туристички дестинации, меѓу кои Соренто во 2022 и Портофино во 2023 година.
