Маријана Илиеска, обвинител во основното јавно обвинителство во Прилеп чиј автомобил бил запален ноќеска, денеска истакна дека станува збор за кукавички чин.

Според неа, има вознемиреност, но не се чувствува загрозено.

„Ова е кукавички чин. Нормална е вознемиреноста. Не се чувствувам загрозено ниту пак ќе запрам со мојата работа. Продолжувам со работатата како основен јавен обвинител. Имам одредени сомнежи, но не може да зборувам за тоа. Не, пред да се докаже или со факти да се потврди кој стои зад сето тоа“, додаде Илиеска.

Според првичните сознанија, непознати лица насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо средство и го запалиле.