Дваесет и седумгодишен жител на Прилеп вчера бил пронајден починат во просториите на Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи Скопје на 28 ноември 2026 година околу 10:30 часот од страна на затворската служба, при што било наведено дека Б.Ј. (27) од Прилеп бил пронајден без знаци на живот околу 09:10 часот.
Лекар од итната медицинска помош веднаш извршил преглед и констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство врз телото.
Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а по наредба на дежурен јавен обвинител телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина каде што ќе биде извршена детална обдукција за утврдување на точните причини за смртта.
