Сиромаштија, разочараност кај граѓаните, иселување, криминал, корупција и распродавање на државата, се само дел од проблемите кои граѓаните ги кажува и овој викенд за време на средбите со тимовите на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“.

Илјадници наши сограѓани беа посетени и проблемите се исти во сите населени места, но граѓаните се согласни, дека решението е едно, а тоа е промена на власта и доаѓање на власт на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја врати Македонија на вистинскиот пат.

Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски од општина Лозово истакна дека додека власта увезува работна сила од Индија нашите млади образовани кадри заминуваат, работат по белиот свет, а власта ветуваше живот.

– Затоа во коалиција со народот ВМРО-ДПМНЕ има решенија за овие проблеми. Заедно ќе направиме промени, кои ќе донесат подобар и достоинствен живот во Македониј, истакна Мицевски.

Членот на ИК, Владимир Ѓорчев од дојранско посочи дека проблемите се исти и ги тиштат граѓаните буквално секој ден затоа што оваа Влада на Димитар Ковачевски направи катастрофа низ цела Македонија во секое село и општина.

Тука сме да ја најавиме програмата на ВМРО-ДПМНЕ, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Одиме од Село до Село и од човек до човек затоа што ова е Македонија затоа што сме силно мотивирани и затоа што треба да дојде подобар ден и подобро утре во Македонија, рече Ѓорчев.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Љутков од Зелениково изјави дека владата не дава поддршка ни инвестиции за општините, граѓаните се незадоволни од ваквиот однос, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со сите сили се обидуваат да решаваат проблеми.

Немаат квалитетни сообраќајни решенија, се жалат на дека инфраструктурни проекти зависат од централната власт. Единствено добро е што Зелениково има градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ кој со сите сили се обидува да решава проблеми на граѓаните.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Аџиоски кој со својот тим беше во посета на ресенско изјави дека незадоволството на жителите на овие места од актуелната власт е големо, посебно во рамки на неисплата на субвенциите и каснење на субвенциите кои се од големо значење за жителите на овие населени места.

– Од друга страна гледаат дека државата пари троши на непродуктивни работи на исплаќање на плати од 36,500 илјади евра за одредени инженери кои ќе се вклучени на автопатите кои треба да се градат во оваа држава, рече Аџиоски.

Пратеникот Бране Петрушевски од општина Ранковце истакна дека она што го гледаме на терен и поддршката што ја добиваме од граѓаните е неслучајна и таа се потврди и на вчерашната објавена анкета на која се гледа огромното водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ и уште поголемото водство на претседателот Мицкоски.

„Заедно со граѓаните сакаме да им кажеме дека нема да избегаат и дека одговорност ќе има многу наскоро, откако ќе има промени во Република Македонија и откако ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт. И тогаш, тие пари кои што ги украле, ќе мора да ги вратат кон граѓаните, а со тие пари Република Македонија ќе добие економски раст и развој и ќе покажеме како треба една држава европска како Македонија да се развива на економски план“, потенцираше Петрушевски.