Ова е веќе лудило! Додека Тетово завидно во црно, Македонија на врвот на листата по смртност, без протоколи за лечење, со идиотски мерки за заштита од пандемија, корупциски дилови за респиратори, вакцини и модуларни болници – овие се поистоветуваат со министерот кој е одговорен за ресорот здравство!, коментира на фејсбук професорката Билјана Ванковска, алудирајќи на поддршката што ја добива Венко Филипче по понудената, а се уште не прифатена оставка од премиерот Зоран Заев на министерката функција.