На 6 и 7 септември, во Лозово со голем ентузијазам ќе се реализира за првпат голем културен настан – Овчепослки гроздобер ЛОЗОВО 2023.
Лозово во наредните два дена (6 и 7 септември) на локалните жители и гостите од другите краишта ќе им понуди одличен музички настан – Овчеполски гроздобер Лозово 2023. Настанот е замислен како дводневен фестивал со кој ќе се одбележи започнувањето на гроздоберот во овој регион а ќе се прослави и независноста на Македонија.
На 6 септември ќе може да се чујат: Атиџе Муратова – хероината од Дурфулија, главната протагонистка на филмот “Медена Земја”, ФА Кочо Рацин од Лозово, ФА Јанко Глигоров од Свети Николе, ГМД Свети Николај од Свети Николе а главна ѕвезда на вечерта ќе биде Спасен Силјановски со својот бенд.На 7 септември публиката ќе може да го чуе Ламбе Алабаковски , Next Time и Joe Bonga & Dj Dac .
Настанот ќе се одржува во Лозово, во непосредна близина на игралиштето од 21:00 часот. На 7 септември пред полноќ жителите ќе имаат можност да уживаат во огномет и заедно да ја прослават независната на Македонија.
Овој фестивал е одлична шанса да се искуси богатството на македонската култура и најдоброто од македонската музика, збогатена со одличните вина од овој регион, стои во соопштението од страна на организаторите на настанот.