Во низата шокантни објави не застанува ниту со говорот на омраза, а денеска ја навреди професорката Билјана Ванковска нарекувајќи ја „стока“, откако таа вчера објави дека се вакцинирала во соседна Србија.
Во дел од неговата објава, Тричковски поставува морбидно прашање – што ако професорката не преживее до втората доза од вакцината, а тоа и не е ниту прв, ниту единствен случај тој, да зборува за нечија смрт.
Ванковска како стока
Истиот ден (вчера) кога Ванковска се вакцинирала во Белград, во Србија од ковид 19 умреле 36 луѓе.
А болни паднале 5.226 души.
Нема информации дали големиот број починати има врска со спасувањето на професорката Билјана.
“Сега” вика Ванковска “да преживеам до втората вакцина па ќе размислам дали е ова се’ уште моја држава. Ме лиши од достоинство, ме распродаде како стока и мене и моите предци, ме жигоса и сега и ми го загрозува здравјето наместо да ме штити!”
Но, велам јас, што ќе се случи ако не преживее до втората вакцина? Ако во меѓувреме умре? Дали нејзиното мртво тело ќе може да ја поднесе студената земја на оваа држава? Затоа, драга моја професорке, не се мислите, оваа земја која не ве вакцинира, не е ваша. Макар што фактот дека “ве лишила од достоинство, дека ве распродадала како стока и вас и вашите предци, ве жигосала и сега и ви го загрозува здравјето наместо да ве штити!”, покажува дека има некоја тајна врска меѓу вас и државата и дека државата не толку бесчувствителна и луда штом успеала да ве продаде како стока. Тоа е сериозен подвиг од страна на државата. Сакам да ве прашам: колку пари е килограм жива мера ванковетина на сточниот пазар во Белград, напиша Тричковски на „Фејсбук“.
Ванковска како стока
Истиот ден (вчера) кога Ванковска се вакцинирала во Белград, во Србија од ковид 19 умреле 36…
Posted by Branko Trickovski on Friday, March 26, 2021