Цената на јануарските термински договори за европскиот референтен јазол ТТФ во Холандија падна на 1.253 долари за илјада кубни метри, односно 107 евра по мегават час, врз основа на моменталниот курс евро/долар.

Вкупниот пад на берзанските цени на гасот од почетокот на денот е 19 отсто.

Цената на берзите на гасот во Европа на 21 декември за првпат во историјата надмина 2.000 долари за илјада кубни метри, а тоа се толкуваше во контекст на претстојното студено време во комбинација со, за ова време на годината, невообичаено ниските резерви гас во европските магацини.

Аналитичарите забележуваат дека цената на терминските договори на јазолот ТТФ е многу нестабилна поради шпекулативните фактори и не ја одразува реалната цена на физичките резерви. Така просечната извозна цена која ја пресметува руски Газпром во оваа година изнесува 280 долари за илјада кубни метри. Но таа цена важи само за нарачателите со претходно склучени договори.