Според извештајот за финансиските случувања во првата недела од овој месец, на падот на цената на нафтата влијаела американската администрација која извршила притисок врз земјите од ОПЕК да го зголемат производството за да го поддржат закрепнувањето на светската економија.
-Саудиска Арабија, Кувајт и Ирак го поддржаа сегашниот план за производство со месечно зголемување од 400.000 барели дневно, до април 2022 година, но со порака дека САД имаат доволно капацитет да го зголемат производството доколку сакаат и ако им е грижа светот да продолжи со економското закрепнување по пандемијата, се вели во извештајот.
Се додава дека на намалувањето на цените влијаеле на падот на кинескиот увоз на најниско ниво од септември 2018 година, како и одлуката на таа земја да ги ангажира своите нафтени резерви.
Линијата на пад, сепак, не беше константна, бидејќи во еден момент дојде до пораст на цените, а причина беше извештајот на американската агенција за нафта (API) за намалување на залихите на нафта во САД, потоа фактот дека ОПЕК земјите сè уште не испорачале толку барели колку што е договорено, а придонесе и временската прогноза за студената есен и зима на северната хемисфера.