Социјалната платформа Х, порано позната како Твитер, утрово се соочи со оперативни проблеми на глобално ниво.
Според веб-страницата Downdetector.com, која ги следи прекините во достапноста на услугата, повеќе од 47.000 американски корисници не можеле да пристапат до X и X Pro, пишува Index.hr.
Некои корисници во Обединетото Кралство и Азија, исто така, не можеа да ги видат објавите на страницата „Добре дојдовте во X!“. Икс, кој е во сопственост на американскиот мултимилијардер Илон Маск, се уште не коментирал што се случило.
Маск го купи Твитер минатата година за 44 милијарди долари.
Хаштагот #TwitterDown стана тренд неколку минути откако се појавија извештаи за прекини. Но, прекинот беше краткотраен, а корисниците можеа повторно да пристапат на платформата по нешто повеќе од еден час.
Откако Маск ја купи платформата, таа се соочи со губење на приходите од реклами.
Извор: Vijesti.ba