На денешното рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сведочеше сведок кој истакна дека првообвинетиот за убиствата Љупчо Палевски Палчо, му должел 15 илјади евра, објави Фокус.

Како што рече сведокот Ламбе Бучков, се знаеле од 2011 година кога Палевски знаел дека сведокот имал имотен пријател и побарал од него да ја доврши зградата Тифани, во центарот на Скопје.

Беше направен договор, на нотар му беше даден аванс од 15.000 евра рече сведокот.

Тој појасни дека Палески никогаш не ги вратил парите, а тој зел кредит за да ги врати на пријателот.

Од септември 2022 година секојдневно му ги барал парите, а Палчо велел дека чека некои пари да му ги вратат.

-Имаше многу пари, но почна колата да оди надолу, рече Бучков.