Овие паметни очила изнесуваат околу 299 долари и достапни се во различни дизајни, а засега можат да се купат само во САД, Велика Британија, Австралија, Канада, Ирска и Италија.

Паметните очила овозможуваат фотографирање и снимање видеа, споделување датотеки, слушање музика и повици. Тие поседуваат две камери со резолуција од пет мегапиксели, како и три микрофони и звучник.

Синхронизацијата со новата специјална апликација „Facebook View“ овозможува испраќање снимки од очилата до социјалните мрежи, инстант пораки, како и зачувување на телефонот.

Со ЛЕД-светлото за снимање, луѓето околу знаат кога корисникот фотографира или снима видео.

Паметните очила „Реј-бан“ се првиот производ од партнерството на Фејсбук и „Есилорлуксотик“.