Фризерот Панче Жежовски кој беше убиен во случајот поврзан и со убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска, е погребан денеска на гробиштата „Раштани“
Погребот се одржал во 13:30 часот, а последна почит му оддале роднини, пријатели, познаници.
Панче беше пријавен за исчезнат на 24 ноември откако два дена го немало. Неговото тело беше пронајдено на 3 декември, во околината на Велес.
Автомобилот на Панче, по неговото убиство, бил искористен за киднапирање на малата Вања, а подоцна запален во скопско Бразда. За убиствата на Панче и Вања осомничени се пет лица.