Како што соопштија од Општина Карпош, почитувајќи го „стариот протокол“, но со нови и бујни идеи и креации, најмалите ученици во основните училишта во Карпош (оние кои физички ја следат наставата), се потрудија да внесат малку повеќе веселост во овој единствен пролетен ден.
-По некоја Похаконтас, принцеза од бајките, јапонска гејша, црвенкапа, но најчесто докторка или медицинска сестра, оние кои се сега најактуелни и најсакани, ги зашаренија и разубавија училишните дворови. Не изостанаа ни лутите пирати, ниту морнарите, супеерхероиите од „Војна на ѕвездите“ страшните јунаци Бетмен, Супермен и Капетан Америка, зајче-безопавче или дивото зајче со питоми уши, смешниот кловн, боцкаво еже, рајска птица и што уште не- велат од локалната самоуправа.
Оние што не дојдоа на денешниот „пандемиски маскембал“ во училишниот двор, направија и еден сајбер маскембал, па преку зоом платформата и тие приредија голема забава полна со првопарилски шеги.