Ако по Европското првенство постоеја дилеми дали Пандев, кој стави крај на репрезентативната кариера, ќе продолжи со клупскиот фудбал, тоа денес е разрешено со потпишување на новиот договор.
Македонецот се обврза на соработка со калчолигашот до 30 јуни 2022 година.
Задоволство од тоа што Пандев уште една сезона ќе го носи нивниот дрес, од Џенова искажа преку официјалните профили на социјалните мрежи.