Блокада на влезот и излезот на Неготино откај Гевгелија, поставија денеска пензионери со мирен протест и бараат повисок стандард.

– Бараме линеарно покачување на пензиите од по пет илјади денари, минималната пензија да биде 18 илјади денари. Бараме поголеми права и подостоинствен живот, рекоа пензионери на протестот.

Сообраќајот на лице место го регулира полицијата, а возилата се пренасочуваат кон алтернативни улици во градот. Се препуштаат итни случаи, а на оние што не им се чека, за Скопје и Гевгелија, одат преку Кавадарци.

Извор: Neptres.mk.