Во разговорот Панова наведе дека конечно народот се ослободи од стравот кој го имаше некој период и сега е повторно гласен. Актуелните случувања во Македонија, таа ги нарече „забрзан пат кон дното“.

Колку побрзо издејствуваме да се тргнат од власт, толку е подобро за граѓаните на Република Македонија, изјави Панова.

Таа вели дека во минатото бевме земја која беше економски лидер на балканот, која имаше инвестиции, реформи и дигитализација на сите полиња, имаше фискални реформи, градба на автопати, патишта, училишта и градинки. Другите држави преземаа модели од Македонија.

И сега наеднаш ние сме Македонија која е на 111-то место по корупција, прогласена за хибриден режим, истакна таа. Секојдневно стигаат нови извештаи како оној на ГРЕКО, на Стејт Департментот, во кои укажуваат на катастрофално работење на Владата. Сведочиме на скандали како „Мафија“, се злоупотребува службена положба во МВР, се вадат лажни пасоши и лични карти, работат со марихуана.

– Станавме лидер во работи на коишто никој не сака да стане лидер, истакна таа.

Панова се осврна и кон протестот за слобода на уставобранителите во неделата, наведувајќи дека македонската пролет започна и протестите ќе продолжат.

– Оној кој што владее со сила, ќе падне од надеж, а во неделата токму тоа го видоа од Власта и СДСМ, истакна Панова.

Таа додаде дека од СДСМ ја прелија чашата со сето ова што се случува. Народот почна да се охрабрува и излезе на улица.

ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе има одредени активности и ќе се случува македонска пролет. Народот благовремено ќе биде известен за истото од раководството.

Навистина, ќе се случува македонска пролет, рече Панова.