Граѓаните стекнаа колективен имунитет заради природно заразување, а не заради вакцините смета микробиологот Никола Пановски.
Со оглед на тоа што мерките беа доцна донесени, многу голем дел од населението доби контакт со вирусот, некој го поминаа без симптоми некои не знаеја дека го имаа..и некои завршија во болница.Според сите проценки околу 60 проценти го имаат прележано вирусот и повеќето по природен пат, и за жал доста скапо го плативме тој природен имунитет имајќи ги предвид жртвите и пост ковид синдромите – вели професорот Пановски, за Алфа.
Пановски вели се што е на отворено не е опасно.
Ако се исклучиво на отворен простор да, меѓутоа ако се во затворено не. Треба да се внимава кога ќе влегувате во тоалетите и кај што се собираат во затворен простор таму може да се шири болеста. Меѓутоа сепак впечатокот е дека вирусот нема да се шири толку како претходно. Добар дел од населението, веќе е имуно.Но и топлото време има влијаниие за намалување на бројките – вели Пановски.