– Мора да се соочиме со ризикот и да се подготвиме, посочува д-р Пановски.

Според него, д-р Даниловски вели дека треба да се врши контрола на луѓето што доаѓаат кај нас, па дури и нашите иселеници, па дури и нашите што одат на одмор во тие земји, каде што постои делта сојот, а Комисијата за заразни болести ги игнорира, треба да објават зошто го прават тоа.

-Дали тие во договор со Владата и економските мерки носат мерки кои не се оправдани од здравствен аспект. Нема логика, ако кај нас има 6 случаи, а во Грција има 800, притоа земјата е петпат поголема, пресметајте дека тоа е како 30:800, повеќе од 25 пати има случаи кај јужниот сосед, вели Пановски, додавајќи дека реципроцитет барем кон Бугарија можеме да имаме.

Откако ни ги дадоа тие 5000 вакцини кои уште не се стигнати, посочи д-р Даниловски, ние се тестираме за да влеземе во Бугарија, а тие иако имаат 10 пати повеќе заболени по број на жители, можат да влегуваат во Македонија.

– Има ли логика во здравствените мерки?, прашува д-р Пановски.