-Ватикан претходно најави дека папата ќе биде ослободен од римската поликлиника Гамели на крајот на минатата недела, но денешното соопштение објасни дека тој мора да остане уште некое време во болницата поради постоперативно лекување и „со цел целосно извршување на терапијата и рехабилитација“, објави АП.
Папата за првпат се појави во јавноста вчера откако беше извршена операцијата и, како што пренесоа медиумите, тој се чинеше дека е во добра форма додека изведуваше неделна молитва на балконот на 10-ти кат во римската болница.
Папата го искористи неделното обраќање до јавноста за да испрати апел да им се овозможи на сите бесплатно здравствено осигурување.