Светот се збогува со една од највлијателните личности на модерното време. Погребот на папата Франциск ќе се одржи оваа сабота на плоштадот пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, објавија кардиналите.
Погреб на папата Франциско ќе се одржи на отворено
Церемонијата за погребот на папата Франциско ќе започне во 10 часот. Деканот на Колеџот за кардинали, Џовани Батиста Ре, ќе ја води службата, заедно со бројни патријарси, кардинали и архиепископи.
Светот се простува од папата Франциск: Почина на 88-годишна возраст
Интересно, согласно желбата на папата Франциско, телото нема да биде погребано во базиликата „Свети Петар“, туку во „Санта Марија Маџоре“ во Рим, што претставува значаен преседан меѓу понтифексите.
Светски лидери ќе присуствуваат на погребот на папата Франциско
На погребот на папата Франциско ќе присуствуваат многу светски лидери. Присуството го потврдија американскиот претседател Доналд Трамп, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, како и украинскиот лидер Володимир Зеленски.
Овој глобален собир уште еднаш ја покажува важноста на ликот и делото на папата Франциско за меѓународната заедница.
Последната желба: скромен гроб во базиликата „Санта Марија Маџоре“
Според тестаментот на Франциско, создаден на 29 јуни 2022 година, неговиот гроб ќе биде едноставен, без украси, со само еден натпис – „Францискус“.
Гробот ќе се наоѓа во нишата меѓу капелата Полин и капелата Сфорца, во базиликата „Санта Марија Маџоре“. Како што самиот посочил, сите трошоци за погребот се покриени преку добродетелни донации.
Причината за смртта на папата Франциск
Ватикан официјално објави дека папата Франциско починал по мозочен удар кој довел до кома и срцев удар. Смртта е потврдена со електрокардиограм, според изводот за смрт потпишан од професорот Андреа Аркангели.
Исто така, Франциско во својот тестамент напиша дека страдањето во последните моменти од животот го посветил за мир во светот и братство меѓу народите.
Симбол на скромност, љубов и духовност
Со погребот на папата Франциско, светот се збогува со симбол на скромност, љубов и духовност. Оваа историска церемонија ќе остане запаметена како чин на благодарност кон еден од најпочитуваните папи во поновата историја.