Папата Франциск во писмо изразува жалење што не присуствувал на отворањето на конференцијата како што првично се надевал, но ги покани сите да се придружат во молитвата за плоден исход.

-Овој собир треба да се осврне на еден од најголемите морални проблеми на нашето време: зачувувањето на Божјото создание, дадено како градина што треба да се обработува и како заеднички дом за нашето човечко семејство, напиша тој во писмото што го објави Ватикан.

Тој побара „мудрост и сила“ од учесниците и да ги имаат на ум идните генерации.

-Времето истекува, оваа можност не смее да се пропушти, нагласи тој.

Во формалната порака до конференцијата прочитана во негово име на 2 ноември, папата Франциск рече дека двојните рани нанесени од пандемијата на Ковид-19 и климатските промени се споредливи со оние нанесени од глобалниот конфликт и со нив треба да се соочи на ист начин.

Папата (84) кому климатските промени му се во фокусот на понтификатот, неколку пати изјави дека се надева дека ќе присуствува на самитот КОП26, но Ватикан на 8 октомври соопшти дека кардиналот државен секретар Пјетро Паролин ќе ја предводи делегацијата.