Според Изборната комисија на Молдавија, партијата Акција и солидарност (ПАС) на претседателката Маја Санду освои речиси 53 отсто, додека за Прорускиот блок на социјалистите и комунистите (БЕСЦ) гласаа 27 проценти.

На предвремените парламентарни избори што вчера се одржаа само уште една партија го помина цензусот и влезе во Парламентот, што брои 101 пратеник. Излезноста на изборите е над 48 отсто во држава од 3,5 милиони жители.

Молдавија е најсиромашна европска држава, која нема излез на море. Санду, поранешна економистка во Светска банка вети дека ќе ја искорени корупцијата, ќе се бори против сиромаштијата и ќе ги зајакне односите со ЕУ.