Во Куманово се забележани бројни нерегуларности во изборниот процес за локалните избори. На таа тема, кандидатот за советник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Николај Павловски, одржа прес-конференција на која информира за злоупотреба на Министерството за внатрешни работи и други државни институции на локално ниво спротивно на законот и овластувањата со нарушување на изборниот процес.

– Денеска во Куманово наместо да имаме свечен и достоинствен ден на гласање каде граѓаните по демократски пат ќе го остварат своето право да изберат Градоначалник и советници имаме целосна мобилизација на МВР и други државни институции на локално ниво кои спротивно на законот ги злоупотребуваат своите овластувања и го нарушуваат изборниот процес, рече Павловски.
Спротивно на законот, посочи тој, немаме присуство на униформирани полициски службеници на голем дел од избирачките места, а таму каде што ги има се наоѓаат внатре во објектите каде што се врши гласањето како што е случајот со избирачкото место 1086 и 1086/1 во населбата Иго Тричковиќ, што го сведочат револтирани гласачи кои пристапија во нашиот изборен штаб.
– Голем број на лица вработени во МВР (во шестата управа), меѓу кои и членови на личното обезбедување на Оливер Спасовски, како што дознаваме од гласачи кои гласале таму стојат пред гласачкото место 1059 и 1059/1 во населбата Ајдучка Чешма вршат насочување на гласачи и притисок врз нив, како и евиденција во списоци кои што тие ги поседуваат (претпоставуваме избирачки списоци) и тоа, како што не информираат тамошните гласачи, од страна на лицата вработени во МВР Мартин Стаменковски и Сашо Каранфиловски кои што континуирано се посетувани пред и околу гласачко место од лицето Бобан Спасовски (сопственик на фирмата ДЕЛУКС АВТО дистрибутер на возилата Фолксфаген и Шкода) и се координираат околу тековните активности, претпоставуваме поврзани со избирачкиот процес, појасни Павловски.