-Тоа е и во нивни интерес не само на државите кои се лоцирани во нашиот регион. Интересен детаљ е дека по 20 години, мислам до крајот на оваа година, вети дека ќе дојде во официјална посета на Северна Македонија, тоа е втора или трета посета на италијански претседател откако Македонија е независна држава , изјави Пендаровски по средбата.
Пендаровски: Италија ќе се заложи процесите кон ЕУ да се интензивираат
П
Претседателот на државата Стево Пендаровски по средбата со италијанскиот претседател Серџо Матарела рече дека добил ветување дека Италија ќе се заложи, не само за Македонија туку за цел регион на Западен Балкан процесите да се интензивираат.