-Историчарите кои се занимаваат со политика се полоши од политичарите кои само се обидуваат да толкуваат историски епохи. Јас искрено жалам заради длабоко погрешната изјава на португалската министерка која ги поткопа сите напори кои нејзиниот колега Силва од истата влада ги правше месеци наназад, рече претседателот Стево Пендаровски во врска со изјавата на Ана Паула Закаријаш која кажа дека „македонскиот јазик бил дел од бугарскиот“.
Тој изрази надеж дека Словенија ќе продолжат долж истата патека за заедничките интереси на Бугарија и Македонија за да се изнајде решение.