Споделивме спомени за неговата личност, посветеност како политичар, но и верник кој со политиката што ја водеше урна многу стереотипи и беше високо почитуван и дома и во меѓународната заедница, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Претседателот Стево Пендаровски денеска беше во посета кај Вилма Трајковска и семејството на поранешниот шеф на државата Борис Трајковски.

„Во посета на семејната куќа на претседателот Борис Трајковски во Струмица. Споделивме спомени за неговата личност, посветеност како политичар, но и верник кој со политиката што ја водеше урна многу стереотипи и беше високо почитуван и дома и во меѓународната заедница“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

На 26-ти февруари, 2004 година, тогашниот македонски претседател Борис Трајковски, трагично го изгуби животот во авионска несреќа. Тогаш Стефан и Сара, двете деца кои ги имаа со сопругата Вилма, беа малолетни и не беа многу присутни во јавноста.