Претседателот Стево Пендаровски денеска во претседателската резиденција со високо државно одликување „Орден за заслуги за државата” ќе ги одликува постхумно писателот Горан Стефановски, пејачот и актер Зафир Хаџиманов и професорот Ремзи Несими, како и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.

Горан Стефановски постхумно се одликува за исклучителен и неповторлив придонес во континуитетот и во осoвременувањето на книжевното културно наследство.

Зафир Хаџиманов постхумно се одликува за огромниот придонес во специфичниот полижанровски развој во сферата на уметничкото творештво.

Ремзи Несими постхумно се одликува за неговиот траен придонес во филолошките науки и албанологијата во Република Македонија и во светот воопшто.

Живко Мукаетов се одликува за професионалните стандарди во фармацевтската индустрија и за неговата филантропска култура и општествена одговорност.